а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зоврие

зовријат; зовриј, зовријте; зоврев, зовре, зовреа; зоврел; зоврен; (ќе) зовриев, (ќе) зовриеја; (ќе) зовриел; зовриен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8768
1. За течност - почне да врие, почне да клокоти и да испарува под дејство на висока температура.
Англиски: boil Албански: vlon
Примери:
Водата зовре.
2. Почне движење на множество луѓе без ред.
Англиски: boil Албански: turmë
Примери:
На плоштадот зовре од луѓе.
3. Стане преполн со нешто.
Англиски: crowd Албански: gufon
Примери:
Детето зовре од вошки.
Таванот зовре од глувци.
4. Стане возбуден, вознемирен, дојде во состојба на силни чувства.
Англиски: boil Албански: vlon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Зовре од незадоволство.
Мозокот ми зовре од работа.
Крвта му зовре од лутина.
Изведенки
1. зоврива несв.
зовриваат
2. зовривање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК