а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

знае

знам
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Известен е за нешто, познава, познато му е нешто.
Англиски: know Албански: I di
Примери:
Знаев дека ќе дојдат.
Само тој го знае патот.
Не знам кога поаѓа возот.
2. Има знаење од некоја област, упатен е во нешто.
Англиски: know Албански: ka njohuri
Примери:
Добро знае математика.
Знае неколку јазици.
Знае сè за габите.
3. Умее, може да прави нешто.
Англиски: can Албански: mund
Примери:
Знае да плива.
Знае да вози велосипед.
Знае да плете.
4. сфаќа, разбира
Англиски: understand Албански: kuptoj
Примери:
Знам што зборуваш, но не знам што сакаш да ми кажеш.
5. Познава некого.
Англиски: know Албански: njeh
Примери:
Го знам од студии.
Hего сите го знаеја.
Те знам како храбар човек.
6. (обично со негација) Не чувствува, не преживува.
Англиски: feel Албански: nuk ndjen
Примери:
Тој не знае за страв.
Не знаат што е срам.
Не знае за грижи.
7. Не зема предвид, не признава, не води сметка.
Англиски: know Албански: njohuri
Примери:
Не знае за почивка.
Не знае за мера.
Не знае да престане.
8. Има обичај, му се случува.
Англиски: used Албански: njohuri
Примери:
Тој знаеше да стане рано наутро, да подготви појадок, па да ме разбуди.
Не задевај го, тој знае и да се налути.
9. (само 2 л. сег. време - знаеш, знаете) Во разговор, како вметнат збор за привлекување внимание, без значење.
Албански: ti di
Примери:
Јас, знаеш, за тоа не сакам да зборувам пред сите.
Човек, знаете, не може сè да има.
10. (само 1 л. сег. вр. - знам или знам, знам) Во разговор како согласување со соговорникот, но за да му се спротивстави своето мислење.
Албански: unë di
Примери:
Дојде до расправија и јас го напуштив состанокот. - Знам, знам, но на тој начин нема да помогнеш да се средат работите.
11. (се знае) Се познава со некого, заемно се познаваат.
Англиски: know Албански: njohje
Примери:
Се знам со него уште од средно училиште.
Тој се знае со градоначалникот.
12. (се знае) Се познава себеси.
Англиски: know Албански: njeh
Примери:
Тој најдобро се знае.
13. (се знае) се гледа
Англиски: see Албански: sheh
Примери:
Дамката од кафе сè уште се знае.
14. (се знае) познато е, јасно е
Англиски: clear Албански: qartë
Употреба: Безлично
Примери:
Се знае - на работа не смееш да доцниш.
Изрази
Знам како дишеш - добро те познавам.
(ирон.) Знам колку тежи - ја знам неговата вредност.
(ирон.) Знам што стока е - ја знам неговата вредност.
Знае кое што е - добро е запознаен со ситуацијата и со фактите.
Знае на што е - свесен е за својата положба.
Знае што зборува - сигурен е во тоа што го зборува, не зборува случајно.
И баба ми го знае тоа - на сите им е познато.
Тоа и врапчињата го знаат - на сите им е познато.
Како знаеш и умееш - по секоја цена.
Кога има масло, и баба знае да меси зелник - лесно е да се направи нешто кога има со што.
Кој како (си) знае - секој постапува на свој начин, според своето убедување.
Кој не го знае, скапо ќе го плати - се вели за некој што се претставува како подобар отколку што навистина е.
(ирон.) Многу знае - ништо не знае.
(ирон.) Многу знае - се прави итар.
Му ја знае на ѓаволот дупката - многу е вешт, многу знае, во сè се разбира.
Не знае да брои ни до три (пет) / (колку се два и два) / (ни а ни б) - ништо не знае.
Не знае за доста - ненаситен е, претерува.
Не знае кај да се дене - збунет е поради некое силно чувство (срам, мака, радост).
Не знае како се вика - ништо не знае поради некое силно чувство (замор, радост).
Не знае што да прави со себе - збунет е.
Не знае што да прави со себе - здодевно му е.
Не знае што зборува - зборува бесмислици, глупости.
Не е не знам што / не знам каков - не е нешто особено, нема голема вредност.
Не оти знам - не знам, не сум сигурен.
Не се знае кој јаде, кој пие (кој пие, кој плаќа) - владее безредие, хаос и секој прави што сака.
Не се знае кој јаде, кој пие (кој пие, кој плаќа) - никој не одговара за тоа што се случува.
Откога знам за себе - откога паметам, уште од дете, многу одамна.
Си го знае времето - знае кога треба нешто да направи, има навика за нешто.
Така да знаеш - да ти биде јасно, завршен исказ за потсилување на кажаното.
Tи знаеш едно, а јас сто и едно - поискусен сум од тебе.
Тој пак си го знае своето - и да му се забележи нешто, тој пак работи по свое.
Што знам - се двоумам.
Што знаеш - можеби.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи