а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

змеј

мн. змејови
Вид збор: Именка, машки род
1. Огромно чудовиште од приказните со една или повеќе глави, со крила и опашка, кое најчесто се храни со луѓе.
Англиски: dragon Албански: dragua
Употреба: Митологија
Примери:
Секоја година змејот јадел по една убавица од царството.
Храбриот јунак го победи троглавиот змеј.
2. Ненаситен, лаком, граблив човек.
Англиски: hog Албански: pangopur
Употреба: Преносно значење
3. Играчка за деца, летало што личи на змеј.
Англиски: kite Албански: balonë
Изведенки
1. змејулец м.
мн. змејулци
2. змејче ср.
мн. змејчиња
дем.
3. змејски прид.
змејскиот
Пример: Пред јунакот се испречија трите змејски опашки.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи