а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

земе

земат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Фати, подигне, прибере со рацете.
Англиски: take Албански: merr
Примери:
Ги зеде книгите од масата и излезе.
Земи ја чашата.
2. употреби, користи
Англиски: use Албански: merr
Примери:
Таа зеде таблета против главоболка.
Зедоа одмор и заминаа на море.
3. Поведе, одведе, однесе со себе.
Англиски: take Албански: merr
Примери:
Таа заминала и ги зела децата со себе.
Тој ги зел парите и заминал.
4. Одземе, присвои нешто туѓо.
Англиски: appropriate Албански: merr, konfiskoj
Примери:
Новата власт им го зеде дуќанот.
Ја пресретнале некои дечишта и ѝ ја зеле чантата.
5. Купи, набави нешто.
Англиски: buy Албански: marr, blej
Примери:
Зедовме дрва за огрев.
Си зедоа нови чевли.
6. Прими на работа, назначи на служба некого.
Англиски: employ Албански: merr, pranoj
Примери:
Тие зедоа куќна помошничка.
Мајсторот си зеде калфа.
Го зеде за свој личен секретар.
7. Најми, се услужи со некое превозно средство.
Англиски: hire Албански: merr
Примери:
Земи такси и дојди веднаш.
8. Добие, освои (награда, власт).
Англиски: conquer Албански: merr, zë
Примери:
Непријателот не успеа да го земе градот.
9. Стапи во брачен однос.
Англиски: marry Албански: merr, martoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој ја зеде за жена девојката со која се забавуваше долги години.
10. Избере нешто за работа, се задржи на нешто.
Англиски: choose Албански: merr, zgjedh
Примери:
Таа зеде матурска тема.
11. Спечали, добие како приход.
Англиски: earn Албански: merr, fitoj
Примери:
Годинава од јаболката зедовме најмногу досега.
12. претпостави
Англиски: assume Албански: merr, supozoj
Примери:
Еве да земеме дека е така како што велиш.
13. Почне, фати да прави нешто.
Англиски: begin Албански: zë, filloj
Примери:
Застана под прозорецот и зеде да вика.
Зеде да брои.
14. (Како вовед во реченица во служба на партикула за потсилување)
Англиски: take Албански: vendos
Примери:
Зеде, та ја продаде куќата.
15. (се земе) Се фати за рака еден со друг.
Англиски: take Албански: merr, kap
Примери:
Братчето и сестричето се зедоа за рака и си тргнаа.
16. (се земе) Стапи во брак.
Англиски: marry Албански: merr. martoj
Примери:
Тие се забавуваа многу години и конечно се зедоа.
17. (Ми, ти, му ... се земе) Изгуби нешто од себе.
Англиски: lose Албански: merr
Примери:
Ми се зеде здивот.
Му се зеде виделото.
Ѝ се зеде умот.
Изрази
Земе обврска - се обврзе.
Земе збор - јавно настапи.
Му го зеде зборот од уста - превари во кажувањето на иста мисла.
Го зеде матната - пропадна.
Го зеде на грб - преземе одговорност за некого.
Го зеде на око - обележи некого со цел да му наштети.
Го зеде на душа - наштети, нанесе некому неправда, виновен е за нечија смрт.
Зеде збогум - се прости од некого.
Зеде предвид - има на ум.
Изведенки
1. зема несв.
(се) земаат
2. земање ср.
глаг. им.
Израз: Давање - земање - блиски, пријателски односи.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи