а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

здрав

здрави
Вид збор: Придавка
1. За живо суштество - што има нормални животни функции; што се одликува со здравје.
Англиски: healthy Албански: i shëndoshë
Употреба: Медицина
Примери:
здраво дете
здраво срце
здраво и вакцинирано куче
2. Што е својствен за организам кој се одликува со здравје.
Англиски: healthy Албански: i shëndoshë
Употреба: Медицина
Примери:
здрава боја на лицето
здрав сон
3. Што е корисен за здравјето; што не е штетен за здравјето.
Англиски: healthy Албански: i shëndetshëm
Примери:
здрав воздух
здрава храна
здрава средина
4. За предмет - цел, неоштетен.
Англиски: intact Албански: i shëndoshë
Примери:
Прозорецот силно тресна, но за среќа остана здрав.
Од шесте стола само два се здрави.
5. нормален, правилен, позитивен
Англиски: reasonable Албански: i shëndoshë
Употреба: Преносно значење
Примери:
здрав разум
здрава критика
здрави размислувања
6. силен, цврст, издржлив, жесток
Англиски: hefty Албански: i shëndoshë
Примери:
здрав маж
здрави чевли
здрава кавга
Изрази
Стави трн во здрава нога - сам влоши поволна ситуација.
Здрав болен не верува - оној што не бил во иста ситуација не може да знае како е.
Да си жив и здрав - благослов.
Здрав не се праша, болен се праша - кога се понудува јадење.
Изведенки
1. здравост ж.
2. здравичок прид.
здравичкиот
дем. и хип.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи