а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

здравје

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Состојба на организмот кога сите органи нормално и правилно функционираат без да се чувствуваат никакви болки; физичка и ментална состојба на организмот.
Англиски: health Албански: shëndeti
Примери:
добро здравје
кревко здравје
Тој особено внимава на здравјето.
Се плашеа за неговото здравје.
Изрази
Со здравје - поздрав при заминување.
Hа здравје - израз при здравица.
Здравје да имаш - благослов.
(разг.) Од тоа подобро, здравје - од тоа нема ништо подобро.
Изведенки
здравјенце ср.
хип.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи