а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

здраво

Вид збор: Прилог
1. цврсто, јако, силно
Англиски: strong Албански: shëndoshë
Примери:
Куќата беше здраво направена.
Удри здраво во трупецот и тој се раздели на два дела.
2. трајно, солидно
Англиски: solidly Албански: qëndrueshëm
Примери:
Се зафатија здраво за работата и навреме ја завршија.
Учеше здраво и темелно.
3. непоколебливо
Англиски: solidly Албански: qëndrueshëm
Примери:
Tој стоеше здраво на својот став.
Застана здраво во нејзина одбрана.
4. поздрав
Англиски: hello Албански: përshëndetje
Примери:
Здраво, одамна не сме се сретнале!
Изрази
Здраво-живо - поздравување и отпоздравување.
Здраво-живо - храна, предмет што се дава во знак на поздрав.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи