а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

здобри

здобрат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Смири две страни што биле скарани.
Англиски: pacify Албански: pajtoj
Примери:
Непријатната случка ги здобри семејствата.
2. одоброволи
Албански: qetësoj
Примери:
Извинувањето на синот го здобри таткото.
Таа се надеваше дека ќе го здобри и дека тој ќе застане на нејзина страна.
3. (се здобри) Се смири заемно.
Албански: pajtohem
Примери:
Сѐ уште се лути, но ќе се здобрат.
Оттогаш се здобрија и постојано се заедно.
4. (се здобри) Стане добар, подобар.
Англиски: improve Албански: përmirësoj
Примери:
Со годините човекот се здобри.
Се здобрила да не можеш да ја препознаеш.
Изведенки
1. здобрува несв.
(се) здобруваат
2. здобрување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи