а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

згуши

згушат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Припие, стисне до некого или нешто.
Англиски: embrace Албански: përqafojë
Примери:
Мајката го згуши бебето до себе, а тоа од топлината се смири.
2. (се згуши) се припие, се стисне
Англиски: embrace Албански: përqafojë
Примери:
Децата се згушија едно до друго и така заспаа.
3. (се згуши) Стане близок, мил.
Англиски: get closer Албански: afrohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
По многуте караници тие успеаја да се згушат.
Изведенки
1. згушува несв.
(се) згушуваат
2. згушување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи