а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

згусне

згуснат; згусни згуснете; згуснав, згуснаа; згуснал; згуснат; (ќе) згуснев, (ќе) згуснеа; (ќе) згуснел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 14226
1. Направи нешто да биде густо.
Англиски: thicken Албански: dendësoj, trash
Примери:
Ренданиот компир ја згусна супата.
Мракот во улицата згусна, луѓето повеќе не се распознаваа.
Ако смесата премногу згусне, се разредува со вода.
2. (се згусне) Стане густ.
Англиски: thicken Албански: dendësohet, trashet
Примери:
Се згусна чадот во собата, не можеше да се види ни од каде е пожарот.
Маглата се згусна, прст пред око не се гледа.
Изведенки
1. згуснува несв.
(се) згуснуваат
2. згуснување ср.
глаг. им.
3. згуснат прид.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК