а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

згрне

згрнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Собере нешто на едно место, направи куп, купче.
Англиски: pile Албански: tuboj, mbledh
Примери:
Го згрна песокот на еден агол во дворот.
2. Собере, насобере во големо количество (пари, богатство).
Англиски: pile Албански: grumbulloj, mbledh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Цел живот беше по туѓина, ама пари не згрна.
3. прегрне
Англиски: embrace Албански: përqafoj
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Тој сочувствително го згрна старецот.
4. (се згрне) се прегрне
Англиски: embrace Албански: përqafoj
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Се згрнаа двајцата другари невидени долги години.
Изведенки
1. згрнува несв.
(се) згрнуваат
2. згрнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи