а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

згорчи

згорчат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи нешто да горчи.
Англиски: embitter Албански: dëshproj
Употреба: Гастрономија
Примери:
Модриот патлиџан ја згорчил манџата.
2. ми (ти, му...) Одеднаш почувствува горчлив вкус.
Англиски: embitter Албански: zeheroj
Употреба: Гастрономија
Примери:
Ми згорчи сирењето.
3. Направи некому непријатности.
Англиски: acerbate Албански: irritoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ми го згорчи денот.
Животот ќе му го згорчат.
4. (се згорчи) Стане горчлив.
Англиски: embitter Албански: zeheroj
Примери:
Се згорчил сокот.
5. (се згорчи) Стане тежок, мачен, непријатен.
Англиски: empoison Албански: helmoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Кога го видов, ми се згорчи денот.
Изведенки
1. згорчува несв.
(се) згорчуваат
2. згорчување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи