а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

згода

мн. згоди
Вид збор: Именка, женски род
1. удобност, поволност
Англиски: comfort Албански: rehati
Примери:
За риболовците ваквото време е вистинска згода.
Базен во сопствениот двор е жива згода.
2. случка, доживување
Англиски: event Албански: rast
Примери:
Интересна згода.
Љубеше да раскажува за згодите од детството.
Таа згода ќе ја паметам целиот живот.
3. можност
Англиски: possibility Албански: mundësi
Примери:
Одвај најде згода да поразговара со него.
Тоа беше згода без голема мака да ја пренесе стоката.
Изрази
Згоди и незгоди - пријатни и непријатни моменти, случувања.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи