а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зглоб

мн. зглобови
Вид збор: Именка, машки род
1. Место каде што се допираат и се поврзуваат две или повеќе коски.
Англиски: joint Албански: nyje
Употреба: Анатомија
Примери:
Еден гостински играч го повреди зглобот на десната нога.
Бабата имаше болки во зглобовите.
2. Спојка на различни предмети каде што се спојуваат составните делови еден со друг.
Англиски: link Албански: nyje, togëz
Употреба: Технологија
Примери:
Ногарката на креветот беше излезена од зглобот.
3. Очна дупка.
Англиски: eye socket Албански: zgavër syri
Употреба: Анатомија
Примери:
Очите му беа ситни и пропаднати во зглобовите.
Изведенки
зглопче ср.
мн. зглопчиња
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи