а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

згази

згазат
Вид збор: Глагол, свршен
1. нагази
Англиски: step Албански: shkel
Примери:
Мајсторите ми ги згазија цвеќињата.
Немаше од каде да помине и згази во вирот.
Згази на лушпа од банана и се лизна.
2. порази, пороби, потчини
Англиски: defeat Албански: pësoj disfatë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во последната битка го згазија непријателот.
Изведенки
1. згазува несв.
згазуваат
2. згазување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи