а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

звук

мн. звуци
Вид збор: Именка, машки род
1. Брановидно движење, треперење што се пренесува низ еластична средина и се прима со сетилото за слух.
Англиски: sound Албански: tingull, zë
Употреба: Физика
Примери:
Ритмичен звук.
Пријатни звуци.
Го заглуши звукот од камбаните.
2. Тон со определена висина и боја што ја произведуваат музичките инструменти.
Англиски: tone Албански: ton, tonalitet
Употреба: Музика и танц
Примери:
Звуци од виолина.
Звуците на гитарата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи