а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

збуни

збунат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Доведе некого во состојба да згреши, да се збрка, да се најде во забуна, во недоумица.
Англиски: confuse Албански: habis, hutoj
Примери:
Нејзиното однесување го збуни.
Наставникот со последното прашање го збуни ученикот.
2. Предизвика буна.
Англиски: incite Албански: rebeloj, ngrit
Употреба: Ретко
Примери:
Тој ги збуни селаните против власта.
3. (се збуни) Доведе до забуна.
Англиски: confuse Албански: hutoj
Примери:
Тој се збуни, но не одговори.
Учениците се збунија од влегувањето на директорот.
4. (се збуни) Дојде до побуна.
Англиски: revolt Албански: rebeloj, ngrit
Употреба: Ретко
Примери:
Луѓето се збунија, не можеа повеќе да трпат.
Изведенки
1. збунува несв.
(се) збунуваат
2. збунување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи