а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

збрка

збркаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. измеша, исплетка
Англиски: mix up Албански: përziej
Примери:
Мачето ми ги збрка конците.
2. Направи грешка поради забуна.
Англиски: mix up Албански: përziej
Примери:
Ја збркал улицата и не се сретнале.
3. Збуни некого, направи, предизвика забуна, збрка, мешаница.
Англиски: confuse Албански: ngatërroj
Примери:
Сакајќи да му помогне, уште повеќе го збрка со разни потпрашања.
Неочекуваните гости ги збркаа домаќините.
4. (се збрка) се збуни
Англиски: confuse Албански: hutoj
Примери:
Кога го виде, поцрвене и се збрка.
Детето се збрка и не можеше да продолжи со песничката.
5. (се збрка) се изгуби, залута
Англиски: get lost Албански: i humbur
Примери:
Се збрка и цел ден кружеше околу плоштадот.
6. Почне одеднаш да брка, да гони некого.
Англиски: chase Албански: ndjek
Примери:
Домаќинот се појави пред куќата и ги збрка децата.
7. (се збрка) Одеднаш почне да се брка со некого.
Англиски: chase Албански: ndjek
Примери:
Се чу силно тупотење, се збркаа деца во влезот од зградата.
Изрази
Ми (ти, му ...) ги збрка конците - расипе работа, план некому, попречи некому во нешто.
Изведенки
1. збркува несв.
(се) збркуваат
2. збркување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи