а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

збор

мн. зборови
Вид збор: Именка, машки род
1. Основна јазична единица којашто има определено значење; јазичен знак за определен поим.
Англиски: word Албански: fjalë
Употреба: Лингвистика
Примери:
застарен збор
полнозначен збор
менливи зборови
Зборовите се делат на слогови.
2. јазик
Англиски: language Албански: gjuhë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Македонскиот збор се слуша и на другите континенти.
3. Способност за зборување.
Англиски: speech Албански: fjalim
Примери:
Залегна човекот, па дури и зборот му се зеде.
4. Разговор, зборување, нешто што е кажано.
Англиски: talk Албански: bisedë
Примери:
Hа средбата ќе стане збор за актуелни прашања.
Се разбираа без зборови.
Да преминеме од зборови на дела.
5. Устен јавен настап; право, дозвола за јавно зборување.
Англиски: speech Албански: fjalim
Примери:
Се јавив за збор.
Претседавачот му даде збор на првиот дискутант.
На пратеникот му беше одземен зборот.
6. Став, гледиште, конечно мислење.
Англиски: opinion Албански: mendim
Примери:
По тоа прашање јавноста го кажа својот збор.
Овие апарати се последен збор на техниката.
7. ветување, задолжение
Англиски: promise Албански: premtim
Примери:
Му даде збор дека ќе ја заврши работата.
8. Озборување, лош глас.
Англиски: reputation Албански: reputacion
Примери:
Ако имаш нешто, кажи ми, да не слушам потоа зборови.
9. Извик со кој се командува постројување на една единица.
Англиски: gather Албански: urdhër
Употреба: Воен термин
Примери:
Војници, збор!
10. собир, собор
Англиски: congregation Албански: mbledhje
Изрази
Збор да нема/Нема збор - така е; согласност за нешто.
Стои на зборот - го одржи ветувањето.
Тој го има главниот/последниот збор - тој е решавачкиот фактор.
На зборови јунак - лажен јунак.
Скапи му се зборовите - малку зборува.
Ми (ти, му...) се слуша/јаде зборот - се цени, се почитува неговото мислење.
Дојде на мојот збор - се увери дека сум во право.
Сладок збор и железна врата отвора - на убав начин сè се постигнува.
Те држам за збор - сметам на тебе.
Со еден збор - накратко.
Тежок збор - голема навреда.
Без збор ја заврши работата - без отпор, без поговор.
(Одвај) дојде до збор - се вклучи во разговор.
Разменија неколку збора - кратко поразговараа.
Ги мери зборовите - одмерен е во искажувањето.
Од збор до збор - буквално.
Со други зборови - поинаку, појасно, поотворено кажано.
Ниту збор да слушнам - строга заповед на која не смее да се приговара.
Збор-два - краток исказ, краток осврт.
Чесен збор - при нагласување на вистинитоста на исказот.
Го фати за збор - лукаво го искористи она што е кажано (обично во негативна конотација).
Троши зборови - попусто зборува.
Со свои зборови - слободно прераскажано, не држејќи се буквално до нечиј исказ.
Празни зборови - лажни ветувања, зборување без доказ, потврда.
Даде збор (некому) - 1. Му овозможи да зборува. 2. Му вети нешто. 3. се сврши, даде завет за женидба.
Држи (некого) за збор - се држи за ветеното.
Изведенки
зборче ср.
мн. зборчиња
дем. и хип.
Пример: Кажи, бре, едно зборче!
FlexiMac
 менување на македонски глаголи