а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зближи

зближат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4691
1. За предмет - направи да биде нешто поблиску, приближи.
Англиски: draw closer Албански: afrohet
Примери:
Ги зближија двата кревета и се доби еден брачен.
Зближи ги столовите еден до друг.
2. За човек - направи да има блиски, пријателски односи.
Англиски: draw near Албански: afrohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Несреќата ги зближи.
Желбата за читање и пишување ги зближи.
3. (се зближи) Стане близок со некого, се спријатели.
Англиски: befriend Албански: bëhem shok
Примери:
Многу брзо тој се зближи со него.
Некогашните непријатели постепено се зближија.
Војниците се зближија со селаните.
Изведенки
1. зближува несв.
(се) зближуваат
2. зближување ср.
глаг. им.