а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

збир

мн. збирови
Вид збор: Именка, машки род
1. Број што се добива со собирање на два или повеќе броеви.
Англиски: sum Албански: shuma
Употреба: Математика
Примери:
Определи го збирот на дадените броеви.
2. Резултат од собирање, на собирање повеќе предмети, нешта.
Англиски: total Албански: shuma, total
Примери:
Собата претставуваше збир од стари делови мебел без смисла за вкус.
Животот е збир на случајности.
Ова дело е збир на повеќе теми.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи