а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

збие

збијат
Вид збор: Глагол, свршен
1. прибере, стисне
Англиски: squeeze Албански: tuboj
Примери:
Наставниците ги збија учениците на едната страна од дворот.
2. Застане цврсто еден зад друг заради постигнување иста идеја.
Албански: përkrah
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие ги збија своите редови.
3. (се збие) се собере
Англиски: crowd Албански: grumbullohem
Примери:
Луѓето се збија до ѕидот.
Овците се збија пред влезот на трлото.
4. (се збие) се обедини, се сплоти
Англиски: unite Албански: bashkoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сите луѓе од селото се збија за да го решат проблемот.
5. (се збие) се степа
Англиски: fight Албански: përleshem
Примери:
Две момчиња се збија.
Се скараа луто, само што не се збија.
6. (се збие) Се случи, стане нешто.
Англиски: happen Албански: ndodhi
Примери:
Се зби чудо.
Филмот беше здодевен, ништо не се зби сѐ до крајот.
Едно мислев, но сосема друго се зби.
Што ли се збило, па го нема да се врати?
Изрази
Нека се збие злото на тоа (што се скршило, на пр.) - нека се заврши со лошите работи на тоа (што се скршило, на пр.)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи