а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

збере

зберат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Собира нешто што е расфрлано, распослано, распространето.
Англиски: collect Албански: mbledh
Примери:
Ги збра играчките во кутија.
Збери ги алиштата, суви се.
Кога беше на планина, збра чај.
2. Насобере (пари, помош, материјал итн.) малку по малку со штедење, со постепено прибирање.
Англиски: collect Албански: mbledh
Примери:
Одвај успеа да збере пари за нов автомобил.
3. Повика, собере луѓе на едно место.
Англиски: convene Албански: thëras
Примери:
Дедото ги збра сите потомци да го прочита тестаментот.
По повод дипломирањето, ги збра пријателите.
4. Стане повод за доаѓање, за среќавање.
Англиски: convene Албански: thëras
Примери:
Трагичниот настан ги збра сите на едно место.
Симпозиумот ги збра најпознатите европски биолози.
Се збрале децата од двете соседни згради.
5. Се смести во некаков простор (сад, просторија).
Англиски: contain Албански: vendos
Примери:
Ќе ги збере ли патната торба сите алишта?
6. (се збере) се собере
Англиски: shrink Албански: mblidhem
Примери:
Ова платно ќе се збере во перењето.
Изведенки
зберува несв.
(се) зберуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи