а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

за

Вид збор: Сврзник
1. (за да, да) Во зависносложена реченица како дел од зависната за да се навести целта за извршувањето или за неизвршувањето на дејството, создавајќи причинско-последичен однос меѓу дејствата во дел-речениците.
Англиски: to, for
Примери:
Тој дојде за да ни помогне.
Таа работи за да заработи.
За да ме види, тој дојде.
2. За надоврзување на дејства со нецелна нијанса.
Примери:
Тој со месеци тагуваше за да се повлече дома сам по некое време.
Таа одеше замислена за да влезе потоа во првата продавница.
3. За образување исказни реченици.
Употреба: Ретко
Примери:
Тој не мисли за да се збогати.
4. (за дека) Затоа што; за изразување причина за неизвршување на дејство.
Англиски: because
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Тие не работат многу за дека не им требаат пари.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи