а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

за

Вид збор: Предлог
1. Фаќање, држење нешто кон кое е насочено дејството.
Примери:
Кога слушна, се фати за коса.
По целиот пат ја држеше за рака.
2. Цел, насоченост на глаголското дејство.
Примери:
Говедарот го собира добитокот за пасење.
3. Крајна цел на движењето.
Примери:
Утре рано заминувам за Битола.
4. Намена на нешто.
Примери:
Располагаме со секаква опрема за заштита од пожари.
Овој материјал е само за здолништа.
5. Погодност за вршење или невршење на некое дејство.
Примери:
Имавме идеално време за вежбање.
Ти си мома за мажење.
6. причина
Примери:
Го критикувавме за таквото негово однесување.
Никој не му честита за женењето на син му.
7. Соодветно вреднување, сразмерност, количество, цена на нешто при купување, замена и сл.
Примери:
За три настапи ќе добиеш цела плата.
Купил шеќер за илјада денари.
Око за око, заб за заб.
8. Споредба на различни нешта, неидентичност.
Примери:
Мерењето покажува дека дозволената тежина ја надминуваш за цели пет килограми.
Копијата за нијанса се разликува од оригиналот.
9. Времетраење: последователност.
Примери:
Ден за ден си врвеше, а ние чекавме беспомошни.
10. Времетраење: измореност.
Примери:
На сите прашања треба да одговорите за петнаесет минути.
11. Времетраење: конкретност.
Примери:
Цело село се собира за Водици.
12. севременост
Употреба: Народна поезија
Примери:
Да даде Господ да опстојувате за век и векови.
13. Предмет на дејство со некои глаголи како зборува, мисли, се сеќава, прашува, се интересира и сл.
Примери:
Зборувавме за сè и сешто.
Дали си размислувал за последиците што ќе настанат?
Прашуваат за тебе и твојот вујко.
14. Дополнување, дообјаснување на предметот на дејството според некој признак (функција, звање, својство и сл.)
Примери:
Да ви се пофалам дека ме назначија за прв секретар.
Ректорот го прогласи некогашниот лектор по италијански јазик за почесен доктор на скопскиот Универзитет.
15. Одзади, од другата страна.
Примери:
Гано Загорјано, зајдело е сонце за гора зелена, за сење, за јасење, за високо борје.
16. Поткрепа на нешто.
Англиски: for
Примери:
Сите се изјаснивме за, само Јане беше против.
17. Чувствен однос или личен став кон нешто.
Примери:
Човекот е за гревови, немојте да се смеете.
За среќа, не бев во собата кога се случи тоа.
За големо чудо, се премисли џелатот и никого не стрела таа ноќ.
18. желба, здравица
Примери:
Ја кревам оваа чаша за ваше здравје и за успех во работата.
19. Заедно со некој друг предлог, обично придава значење на намена, цел.
Примери:
Се облекла како за на бал.
Два бајрака, едниот за на свадба, другиот за на војска.
Не треба да излегува, не е за пред луѓе.
Перничево е добро за под глава.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи