а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зајак

мн. зајаци
Вид збор: Именка, машки род
1. Плашливо диво животно од фамилијата глодачи со долги задни нозе и долги уши.
Латински: Lepus Англиски: hare Албански: lepur
Употреба: Зоологија
Примери:
Див зајак.
Брз како зајак.
Лов на зајци.
2. Питом зајак, припитомен глодач сличен на зајак.
Латински: Cuniculus cuniculus Англиски: rabbit Албански: lepur i butë
Употреба: Зоологија
Примери:
Тој чува (одгледува) зајци.
Одгледувам зајци заради вкусното месо и убавото крзно.
Изрази
Страшлив како зајак - се плаши многу лесно.
Спие како зајак - спие многу лесно и лесно се разбудува.
Тука е зајакот - во тоа е работата, тука е проблемот.
Со еден куршум два зајака - одеднаш сака да заврши две работи.
(ирон.) Со кола зајци фаќа - многу е силен, способен.
Изведенки
1. зајаче ср.
мн. зајачиња
дем.
Израз: Ќе фати и мојот 'рт зајаче - и мене некогаш ќе ми се насмевне среќата.
2. зајаченце ср.
мн. зајаченца
хип.
3. зајачиште ср.
мн. зајачишта
аугм.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи