а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заштита

(едн.) заштитата
Вид збор: Именка, женски род
1. Засолнување од опасност, тешкотија, од непријатност.
Англиски: protection Албански: mbrojtje
Примери:
Единствена заштита му беа ретките крошни од дрвјата.
2. Земање во одбрана.
Англиски: protection Албански: mbron
Употреба: Воен термин
Примери:
Артилеријата има заштита од пешадија.
Тој сметаше на заштита од својот добротвор.
Таа очекувано доби заштита од семејството.
3. Правна норма за одбрана.
Англиски: protection Албански: normë mbrojtjes
Употреба: Правда
Примери:
Општеството им дава заштита на самохраните родители.
Правна заштита.
4. Средство, предмет за одбрана.
Англиски: protection Албански: mbrojtje
Примери:
Заштита за очите при швајсување се специјалните темни очила.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи