а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заштеда

мн. заштеди
Вид збор: Именка, женски род
1. За пари - тие што се собрани со штедење покрај редовните трошоци.
Англиски: saving Албански: kursim
Употреба: Економија
Примери:
скромна заштеда
животна заштеда
Со неколкугодишната заштеда планираше да купи автомобил.
2. За средства, стоки, време - тоа што не е потрошено, што останало поради умерено трошење.
Англиски: saving Албански: kursim
Примери:
Новата технологија направи голема заштеда во производството.
Технолошкиот процес овозможува заштеда на суровините.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи