а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зашие

зашијат; зашиј, зашијте; зашив, зашија; зашил; (ќе) зашиев, (ќе) зашиеја; (ќе) зашиел; зашиен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 16489
1. Почне да шие.
Англиски: sew Албански: qep
Примери:
Таа заши уште како девојче на петнаесет години.
Заши од рано изутрина некој фустан.
2. Пришие малку згора-згора.
Англиски: sew Албански: qep sipërfaqësisht
Примери:
Таа го заши надве-натри скинатиот џеб.
3. сошие
Англиски: sew Албански: qep
Примери:
Му ја зашив скинатата петлица.
4. Со шиење стави на друго место.
Англиски: sew Албански: qep, vendos
Примери:
Ги заши парите во елекот.
Изведенки
1. зашива несв.
зашиваат
2. зашивање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК