а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зачуди

зачудат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Предизвика чудење, предизвика восхит, изненадување.
Англиски: amaze Албански: habis, çudis
Примери:
Постапката го зачуди.
Зачуди нејзиното ненадејно излегување од состанокот.
2. (се зачуди) Се изненади.
Англиски: surprise Албански: habitem, çuditem
Примери:
Тој се зачуди колку многу народ имаше на плоштадот.
Мајката се зачуди на зрелите зборови од своето дете.
Изведенки
1. зачудува несв.
(се) зачудуваат
2. зачудување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи