а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зачува

зачуваат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да чува, да одгледува нешто.
Англиски: breed Албански: ruaj, kultivoj
Примери:
Зачуваа кокошки.
2. Сочува нешто во помала мера, на покус временски период и сл.
Англиски: save Албански: ruaj, mbroj
Примери:
Сосетката ѝ го зачува детето додека таа пазаруваше.
Зачува малку од ручекот за гостинот.
3. Дочува, сочува нешто од негативно влијание или дејство.
Англиски: protect Албански: mbroj
Примери:
Селаните ги зачуваа посевите од мраз.
Таа ги зачува продуктите од расипување.
4. Сочува во приватна сопственост.
Англиски: save Албански: ruaj
Примери:
Тој зачува пари за да ја изненади мајка си за роденденот.
Таа тајно зачува малку пари.
5. Сочува, задржи, не наруши дадена состојба.
Англиски: keep Албански: mbaj, ruaj
Примери:
Зачува мир.
Зачува ред.
Зачува пријателство.
Во тешки моменти треба да се зачува присебноста.
6. Дочува здравје, остане здрав.
Англиски: keep Албански: ruaj
Примери:
Зачува нерви.
Го зачува лицето младо и свежо сè до длабока старост.
7. (се зачува) Се сочува, се дочува нешто од уништување, од заборав.
Англиски: keep Албански: mbaj, ruaj
Примери:
Неколку фотографии се зачувале сосема случајно.
8. (се зачува) Се сочува, се дочува нешто во дадена состојба.
Англиски: save Албански: shpëtoj
Примери:
Се зачува мирот и присебноста и покрај изразените несогласувања.
Древниот начин на подготовка на виното се зачувал до денес.
9. (се зачува) Остане здрав, се заштити.
Англиски: protect Албански: mbroj
Примери:
Јадете многу овошје за да се зачувате од настинки и грипови.
Со овој лек ќе се зачувате од можните компликации.
Изведенки
1. зачувува несв.
(се) зачувуваат
2. зачувување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи