а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зачне

зачнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Затрудни, стане бремена.
Англиски: impregnate Албански: mbars
Примери:
Се омажи, но две години не зачна.
2. Почне, започне некаква дејност.
Англиски: start Албански: filloj
Примери:
Tој ја зачна културно-просветната борба во градот.
3. Зароди, се појави, се покаже нешто.
Англиски: start Албански: filloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од тој ден зачна сомнежот што го мачеше долго.
4. (се зачне) Се зачне плод.
Англиски: mpregnate, conceive Албански: mbars
Примери:
Третото дете се зачна непланирано.
5. (се зачне) се зароди
Англиски: bear Албански: lind
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се зачна во него желбата да го измени светот.
Изведенки
1. зачнува несв.
(се) зачнуваат
2. зачнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи