а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зацрни

зацрнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи да биде црно.
Англиски: darken Албански: bëj të errët
Примери:
Јато гаврани го зацрнија снегот.
2. унесреќи
Англиски: make unhappy Албански: pa fat
Употреба: Преносно значење
Примери:
Разделбата од сопругот ја зацрни младата жена.
3. (се зацрни) Стане црн.
Англиски: blacken Албански: nxihet
Примери:
Го поправаше автомобилот, па се зацрни во рацете.
4. (се зацрни) Се унесреќи, се зацрни себеси.
Англиски: become unhappy Албански: pa fat
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се зацрни откако се омажи.
5. Се покаже со својата црна боја.
Англиски: blacken Албански: nxihet
Примери:
Се зацрни нешто на крајот од селото.
Една сенка се зацрни на плочникот.
Изведенки
1. зацрнува несв.
зацрнуваат
2. зацрнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи