а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зацрвени

зацрвенат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да станува црвен.
Англиски: redden Албански: skuq
Примери:
Јаготките зацрвенеа, ама уште не се зрели.
2. Направи да биде црвен.
Англиски: redden Албански: skuq
Примери:
Го зацрвени шеќерот, па го додаде млекото.
Му го зацрвени образот кога го штипна.
3. Стане црвен, добие црвена, црвеникава боја.
Англиски: redden Албански: skuq
Примери:
Раната зацрвени и се воспали.
Од студениот ветар ѝ зацрвенија образите.
4. (се зацрвени) Стане црвен, добие црвенило.
Англиски: blush Албански: skuqem
Примери:
Се зацрвени од срам.
Од студениот ветер ѝ се зацрвенија образите.
Раната се зацрвени и се воспали.
5. (се зацрвени) Се покаже со својата црвена боја.
Англиски: redden Турски: skuqem
Примери:
Од аголот се зацрвени униформата на рецепционерот.
6. (се зацрвени) Почне да добива црвена боја.
Англиски: redden Албански: skuq
Примери:
Јаболката се зацрвенија.
Изведенки
1. зацрвенува несв.
(се) зацрвенуваат
2. зацрвенување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи