а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зацапа

зацапаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да цапа во вода, кал и сл.
Англиски: wade Албански: sulet
Примери:
Рибарот зацапа во водата.
Децата зацапаа во батакот.
Тој зацапа до глуждови во мочуриштето.
2. (се зацапа) Се доведе во несакана положба.
Англиски: get stuck Албански: mbetet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој се зацапа во некакви работи од коишто тешко се излегува.
3. (се зацапа) Силно, длабоко се вљуби.
Англиски: fall in love Албански: bie në dashuri
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој се зацапа до уши во девојката.
Се зацапаа на прв поглед.
Изведенки
1. зацапува несв.
зацапуваат
2. зацапување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи