а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заузди

зауздат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стави узда на коњ, затегне узда.
Англиски: bridle Албански: fre, kapistër
Примери:
Уште од рано го отседла коњот и го заузди.
Коњот се вознемири, се исправи на задните нозе, но јавачот брзо го заузди.
2. Совлада, надвие, стави под контрола.
Англиски: bridle Албански: vë nën kontroll
Употреба: Преносно значење
Примери:
Успеа да го заузди стравот што ја обзеде.
Тој ги заузди своите емоции и здраво расудуваше.
Изведенки
1. зауздува несв.
зауздуваат
2. зауздување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи