а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

затскрие

затскријат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Покрие малку, скрие нецелосно.
Англиски: hide Албански: fsheh
Примери:
За миг облаците го затскрија сонцето.
2. Скрие зад некого или нешто.
Англиски: hide Албански: fsheh
Примери:
Мало девојченце истрча и брзо се затскри зад мајка си.
Затскриен зад дебелата ладовина што му ја пружа резиденцијата.
3. засолне
Англиски: shelter Албански: krypos
Примери:
Од силното сонце го затскри крошната на еден даб.
4. (се затскрие) Се скрие зад некого или зад нешто.
Англиски: hide Албански: fsheh
Примери:
Се затскри зад првото дрво.
5. (се затскрие) Се скрие од директен поглед, да не биде виден.
Англиски: hide Албански: fsheh
Примери:
Вознемирена верверичка се затскри во стеблото од едно дрво.
6. (се затскрие) Се засолне на некое место, промени место да не биде најден.
Англиски: hide Албански: fsheh
Примери:
Детето се затскри зад вратата.
Изведенки
1. затскрива несв.
(се) затскриваат
2. затскривање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи