а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

затрупа

затрупаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Прекрие или наполни нешто со трупање, со нафрлање материјал.
Англиски: bury Албански: mbuloj
Примери:
Урнатините затрупаа многу жители.
Ја затрупаа дупката со земја.
2. Почне да трупа, да насобира нешто.
Англиски: heap Албански: grumbulloj
Примери:
Се подготвуваше да гради, затрупа секакви градежни материјали во дворот.
3. Опсипе со нешто.
Англиски: shower Албански: breshëroj, mbuloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Новинарите го затрупаа министерот со прашања.
Родителите згрешија, го опсипаа со пари, но не и со внимание.
4. (се затрупа) Се преоптовари со работа.
Англиски: bury Албански: ngarkoj, mbuloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се затрупа во папки, документи, глава не можеше да крене.
Изведенки
1. затрупува несв.
(се) затрупуваат
2. затрупување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи