а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

затруе

затрујат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи нешто да биде отровно.
Англиски: poison Албански: helmoj
Примери:
Ископувањето во блискиот рудник ја затру водата.
Излеаната нафта во морето ги затру рибите.
2. Даде некому нешто (храна, пијалак) отровно.
Англиски: poison Албански: helmoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги затруле децата со сладолед.
Соседите ни го затруја кучето.
3. Изврши негативно влијание, наведе на погрешно мислење.
Англиски: spoil Албански: prish
Примери:
Новиот во зградата ги затру односите меѓу соседите.
4. (се затруе) Земе, прими нешто отровно.
Англиски: poison Албански: helmohem
Примери:
Се затру од водата во бунарот.
Изведенки
1. затрува несв.
(се) затруваат
2. затрување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи