а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

затресе

затресат; затреси, затресете; затресов, затресоа; затресол, затресле; (ќе) затресев, (ќе) затресеа; (ќе) затресел; затресен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3754
1. Почне да тресе нешто.
Англиски: shake Албански: dridhë
Примери:
Затресе слаб земјотрес.
2. Кусо време тресе, површно, малку.
Англиски: shake Албански: dridhë pak
Примери:
Затресе една гранка и сливи испопаѓаа наоколу.
Некој одзади ме затресе за рамото.
Гневно ја затресе главата и промрмори.
Затресе некое крпче не покажувајќи си го лицето.
3. (се затресе) Почне да се тресе.
Англиски: shake Албански: dridhë, tund
Примери:
Од силната детонација целата зграда се затресе.
Кога влезе, автомобилот се затресе.
4. (се затресе) Поведе грижа за некого или за нешто.
Англиски: care Албански: shqetsohem, merakosem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Иако не му беше татко, човекот се затресе за детето.
Изведенки
1. затресува несв.
(се) затресуваат
повт.
2. затресување ср.
глаг. им.