а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заточи

заточат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да точи течност.
Англиски: tap Албански: derdh
Примери:
Заточи вино.
Заточи води во кофата.
2. Точи малку, во определена мера.
Англиски: pour Албански: derdh
Примери:
Заточи малку од виното, колку да го проба.
3. (се заточи) Се движи без прекин, долго време.
Англиски: run Албански: rjedh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се заточија војски по планината.
4. Почне да точи, да остри.
Англиски: grind Албански: vërtit
Примери:
Од утрото како ја заточи секирата, уште не ја оставил.
5. Наточи, наостри малку.
Англиски: grind Албански: vërtit
Примери:
Пред да почне да ги цепи дрвата, ја заточи малку секирата.
6. Лиши од слобода со ставање во затвор или под строг надзор на определено, обично далечно место.
Англиски: banish Албански: dëboj
Примери:
Го заточиле на пуст остров.
Изведенки
1. заточува несв.
(се) заточуваат
2. заточување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи