а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

затега

затегаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Прави нешто да биде напнато.
Англиски: tighten Албански: shtrëngojë
Примери:
Одвреме-навреме ги затега дизгините на коњот.
Многу го затегаш ременот, ќе се скине.
2. одолжува, развлекува
Англиски: stretch Албански: zgjas, tërheq
Употреба: Преносно значење
Примери:
Знаеме добро кој ја затега работата.
Адвокатот ја затегаше постапката во полза на својот клиент.
3. (се затега) Станува нешто напнато.
Англиски: tighten Албански: tensionoj
Примери:
Таа чувствуваше дека постепено ѝ се затегаат нервите.
4. (се затега) се одолжува, се развлекува
Англиски: stretch Албански: zgjas, tërheq
Примери:
Судскиот процес се затега сѐ повеќе.
Изведенки
затегање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи