а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

затвори

затворат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Hаправи да не може да се излезе од (или да се влезе во) некаква просторија или заграден простор, да не може да се помине.
Англиски: shut Албански: mbyll
Примери:
Затвори врата.
Затвори порта.
Затвори прозорец.
2. Препречи, спречи, забрани движење, минување.
Англиски: block Албански: mbyll, bllokon
Примери:
Затвори пат.
Затвори улица.
Затвори граница.
3. Стави капак, затворач на нешто, поклопи.
Англиски: seal Албански: mbyll
Примери:
Затвори кутија.
Затвори сад.
Затвори куфер.
4. Состави, склопи нешто отворено, расклопено, раширено.
Англиски: close Албански: mbyll
Примери:
Затвори книга.
Затвори чадор.
Затвори уста.
Затвори очи.
5. Запре, оневозможи движење, минување на нешто со помош на некаква направа.
Англиски: shut Албански: mbyll
Примери:
Затвори вода.
Затвори плин.
Затвори славина.
6. Спречи да работи, исклучи (апарат).
Англиски: turn off Албански: çkyç
Употреба: Разговорно
Примери:
Затвори радио.
Затвори телевизор.
7. Смести во некаква просторија, во ограден простор, ограничи движење.
Англиски: lock Албански: mbyll, mshel
Примери:
Ги затворила децата в соба.
Затвори ја птицата во кафезот.
8. Лиши од слобода, уапси некого.
Англиски: arrest Албански: mbyll, burgos
Примери:
Го затвориле поради кражба.
9. Престане да работи по работното време или засекогаш.
Англиски: shut Албански: mbyll, burgos
Примери:
Продавниците ќе затворат по еден час.
Додека да појдеме, ќе затвори чаршијата.
Фабриката за мебел ја затвориле.
10. Означи крај на седница, состанок, расправа и сл.
Англиски: close Албански: mbaron, mbyll
Примери:
Претседателот ја затвори седницата.
11. (се затвори) Се склопи (книга, очи).
Англиски: close Албански: mbyll
Примери:
Продолжи да зборуваш, но затвори ја книгата.
Ги затвори очите и веднаш заспа.
12. (се затвори) Не излезе некое време надвор, не се покаже во јавност.
Англиски: shut Албански: mbyllem
Примери:
Се затворив неколку дена и нигде не излегов, само учев.
13. (се затвори) Се повлече во себе.
Англиски: withdraw Албански: mbyllet në vehte
Примери:
Од некое време се затвори, со никого не разговара.
14. (се затвори) За рана - зарасте.
Англиски: close Албански: mbyllet, shërohet
Примери:
Брзо му се затвори раната.
Изрази
Затвори уста (некому) - го замолче (со факти, докази и сл.).
Затвори врата (некому) - не го прими, не сака да го ислуша.
Затвори очи - се направи дека не видел.
Око не затвори - не заспа (долго време).
Затвори куќа (некому) - упропасти, запусти некого.
Изведенки
затворање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи