а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

затаи

затаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Прикрие чувство, намера, разговори и сл.
Англиски: conceal Албански: fsheh
Примери:
Тој ги затаи резултатите од испитувањата.
Tаа го затаи разговорот што го водеше со комшивката.
2. Присвои нешто туѓо, проневери.
Англиски: embezzle Албански: fsheh, përvetësoj
Примери:
Тој го затаил кусурот што му го вратиле во продавницата.
3. Воздржи, сочува во себе, не покаже пред другите.
Англиски: keep silent Албански: mbaj, ruaj
Примери:
Застана до вратата и го затаи здивот.
4. (се затаи) се прикрие, се скрие
Англиски: hide Албански: fsheh
Примери:
Тој се затаи во сламата.
Детето за миг се затаи.
Изведенки
1. затајува несв.
(се) затајуваат
2. затајување ср.
глаг. им.
Пример: Паралелно се работи и на утврдување на причините зошто дошло до затајување на алармите за пожар.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи