а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

засуши

засушат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи да стане сув, да изгуби влага.
Англиски: dry Албански: thaj
Примери:
Тој ги засуши мокрите алишта на ќумбето и пак ги облече.
2. Стане сув, без влага.
Англиски: dry Албански: thahet
Примери:
Калта што ја направи дождот ќе засуши дури по една недела.
3. Почне нешто да суши.
Англиски: dry Албански: thaj
Примери:
Го засуши чаршафот со пегла.
Ветрот ми го засуши лицето.
4. Исуши малку, во мала мера, потсуши.
Албански: thaj lehtë
Примери:
Таа ги засуши алиштата врз печката.
5. (се засуши) Се исуши, стане сув.
Англиски: dry Албански: thahet
Примери:
Солзите ми се засушија на лицето.
Бојата на ѕидот брзо се засуши.
6. (се засуши) За усни, грло - изгуби влажност.
Англиски: dry Албански: thahet
Примери:
Усните ми се засушија од возбуда.
Грлото му се засуши од многу зборување.
Изведенки
1. засушува несв.
(се) засушуваат
2. засушување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи