а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

застои

застојат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да стои.
Англиски: stand Албански: fillon të qëndroj
Примери:
Детето застоја на девет месеци.
2. Задржи нешто подолго или некое време во определена положба.
Англиски: stop Албански: ndalon, ndërpren
Примери:
Кога го слушнаа како вика, жените ги застојаа пиралките.
Тој го беше застојал погледот кон прозорецот.
3. (се застои) Се задржи подолго време на исто место.
Англиски: rest Албански: qëndrij
Примери:
Тој не можеже да се застои на едно место.
Пред куќата се застојаа неколку деца.
4. (се застои) За вода, воздух - не се движи, не се ветрее, не е свеж.
Англиски: stale Албански: i ndenjur, bajat
Примери:
Водата во шишето е застоена.
Воздухот во собата е застоен.
Изведенки
1. застојува несв.
(се) застојуваат
2. застојување ср.
глаг. им.
3. застова несв.
(се) застоваат
4. застовање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи