а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заснове

засноват
Вид збор: Глагол, свршен
1. Постави (мислење, тврдење, план за нешто) врз определена основа, врз докази, факти и сл.
Англиски: base Албански: bazoj
Примери:
Весникот го засновал своето тврдење врз потврдени факти.
2. (се заснове) Има основа, се темели врз нешто.
Англиски: base Албански: bazoj
Примери:
Принципот на солидарност се засновува врз желбата за поправедно општество.
3. Почне да снове.
Албански: devijoj
Примери:
Таа ја заснова белата преѓа.
4. Почне да се движи во разни правци.
Англиски: move Албански: lëviz
Употреба: Преносно значење
Примери:
Околу селото засноваа потери.
5. (се заснове) Почне да разодува, да се мота некаде.
Англиски: stroll Албански: ecë
Примери:
Тој се заснова низ дворот.
Изведенки
1. засновува несв.
(се) засновуваат
2. засновување ср.
глаг. им.
3. заснова несв.
(се) засноваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи