а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

засипе

засипат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да сипе.
Англиски: pour Албански: shtie, derdh
Примери:
Тој ни засипа вино во чашите.
2. Исполни, покрие, затрупа некаква површина, вдлабнатина со нешто.
Англиски: fill Албански: mbush
Примери:
Селаните ја засипаа реката со камења и направија мала брана.
Тој ја засипа дупката со земја.
3. Фрли наеднаш нешто во големо количество.
Англиски: bombard Албански: hedh
Примери:
Непријателот го засипа градот со топовски гранати.
Децата го засипаа кучето со камења.
4. Постави, упати некому едно по друго прашања, зборови и сл.
Англиски: bombard Албански: shtroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа ја засипа девојката со клетви.
Тој го засипал детето со прашања.
5. Даде, испрати некому нешто во големо количество.
Англиски: shower Албански: dorëzoj
Примери:
Тој ја засипа девојката со злато.
Го засипаа со писма од секаде.
6. (се засипе, повр.) се затрупа, се покрие
Англиски: fill Албански: mbush, plotësoj
Примери:
Тој се засипа до половината во песок.
Изведенки
1. засипува несв.
(се) засипуваат
2. засипување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи