а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

засили

засилат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи нешто да стане посилно, да се изрази, да се пројави во поголем степен.
Англиски: strengthen Албански: forcoj
Примери:
Тој го засили гласот.
Ветрот го засили пожарот.
Партизаните ја засилија својата активност.
Возот ја засили брзината по излегувањето од станицата.
Виното им го засили расположението.
2. Направи да биде нешто посилно во својата намена, состојба.
Англиски: strengthen Албански: forcoj
Примери:
Засили исхрана.
Засили дисциплина.
Засили контрола.
Засили (нечија) позиција.
3. (се засили) Стане посилен, добие поголема сила, моќ.
Англиски: strengthen Албански: forcoj
Примери:
Огнот се засили и им ги озари лицата.
Дождот се засили уште повеќе.
Кавгата меѓу нив се засили.
4. (се засили) Се напрегне, земе залет при физичка активност.
Англиски: concentrate Албански: përqëndrohem
Примери:
Тој се засили и скокна преку дупката.
Изведенки
1. засилува несв.
(се) засилуваат
2. засилување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи