а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

засени

засенат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи сенка, намали навлегување, ширење на светлина.
Англиски: obscure Албански: bëj hije, errësoj
Примери:
Таа ја засени светилката со весник.
Облаците го засенија сонцето.
Кајсијата ја засени целата бавча.
Tој си ги засени очите со рака.
2. Стане сенка.
Англиски: shadow Албански: bëj hije, errësoj
Употреба: Безлично
Примери:
Во дворот ќе засени по еден час.
Овде ќе засени дури приквечер.
3. Надмине, престигне некого во нешто.
Англиски: exceed Албански: tejkaloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа сите ги засени со својата убавина.
Тој ја засени славата на татка си.
4. Фрли сенка на нешто, помрачи.
Англиски: darken Албански: errësoj, mugëlloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа случка ја засени нејзината надеж.
Неколку негативности го засенија убавиот впечаток од средбата.
Изведенки
1. засенува несв.
засенуваат
2. засенување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи